Силен земјотрес во Кина, стотици загинати и повредени
Потресот предизвика огромни штети. Разурнати се куќи, патишта, а свлечишта затрупаа половина село...

Стотици загинати и повредени во силниот земјотрес од 6,2 рихтера што ја погоди северозападна Кина. Потресот предизвика огромни штети. Разурнати се куќи, патишта, а свлечишта затрупаа половина село.
Операциите за спасување се отежнати поради ниските температури. Се расчистува теренот во провинциите Гансу и Шјингхаи. Голем број домаќинства се останати без телекомуникации и електрична енергија. Билансот на загинати и исчезнати постојано се зголемува.
„Земјотресот предизвика 195 жртви во градот Хаидонг каде што 13 лица загинаа, 182 се повредени, а 20 се водат како исчезнати. Спасувачката операција е во тек“, изјави Ванг Вен, член на партиската лидерска група на општинската влада Хаидонг.
