Свет

Исланд: Еруптираше вулканот на полуостровот Рејкјанес

19.12.2023 12:37

Силна вулканска ерупција во близина на Рејкјавик. Лава избива високо и силно над Исланд. Воодушевувањата и стравот од природниот феномен поделени …

По неколкунеделните интензивни земјотреси, еруптираше вулканот на полуостровот Рејкјанес во југозападен Исланд. Метеоролошката агенција објави дека ерупцијата се наоѓа четири километри североисточно од Гриндавик и сеизмичките активности се движат кон градот.

„Има ерупција во близина на Гриндавикго расчистуваме теренот и ја обезбедуваме областа. Ги затворивме сите патишта до тука. Се обидуваме да управуваме со ситуацијата“, изјави Торир Торштајнсон.

Околу 4 илјади луѓе претходно беа евакуирани од рибарското гратче Гриндавик. Феноменот на природата воодушеви дел од луѓето, но дел останаа загрижени дека нема да можат да се вратат во своите домови.

„Многу сум возбуден што сум овде на ова место, во ова време, што можев да го видам овој природен феномен. Штотуку видов како лавата излегува од земјата. Фасцинантно како од филм“, изјави Роберт Доналд Форестертурист.

„Овој пат има можност градот да заврши под лавата што тече зад нас, така што. Да бидам искрен имам некако измешани чувства. Ајде да видиме како ќе оди и колку ќе трае. Неверојатно е да се види, да, сепак постои и тоа горчливо чувство во моментов“, изјави Аел Кермарек, жител на Исланд.

Во страв земјата да не остане без струја околу геотермалната централа беше изграден голем насип за лавата да може да го заобиколи објектот. Властите тврдат дека засега нема нарушувања во воздушниот сообраќај. Новата ерупција на вулканот е четврта по ред во изминатите две години.

 

Бојана Крстевски