Политика

Се анализираат сите аспекти за изборите

19.12.2023 12:47

Опозицијата ќе учествува во техничката влада но нема да гласа за нејзиниот состав. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека Талат Џафери, не може да биде на чело на ова тело бидејќи е неуставно и спротивно на законот. Премиерот Ковачевски очекува се анализираат сите аспекти за настанот на изборите.

Партиските калкулации за изборите веќе се во полн ек, а со нив и обвинувањата кој е во право, а кој оди контра интересите на државата. За техничката влада, Ковачевски и Мицкоски сè уште не седнале на заедничка маса, но според премиерот тоа е техничко прашање. Го коментира и ставот на Мицкоски за учество во техничката влада, но не и нејзиното гласање во Парламентот.

Мицкоски смета дека е потребно ВМРО-ДПМНЕ да партиципира со министри и заменици во техничката влада. Тој обвини дека владејачките партии ќе ја опустошат државната каса, но и ќе го злоупотребат изборниот процес.

Ковачевски и Мицкоски со комплетно различни ставови по изјавата на бугарската министерка Габриел, која покрај уставните измени, спомена дека Македонија мора да го реализира и договорот за добрососедство и двата протоколи. Ковачевски коментира имаме јасна реченица во европските заклучоци за нас. Уставни измени и веднаш втора меѓувладина конференција.

Мицкоски коментира, Габриел им ја кажала вистината во очи.

 

 

Миле Ристески