Г-7: Русија да престане да ја дестабилизира Украина

05.06.2014 12:07

Лидерите на Г-7 одлучија да и доделат 18 милијарди евра помош на Украина, покрај 17-те милијарди подршка од ММФ...

Русија да престане да ја дестабилизира состојбата во Украина или до крајот на месецот ќе се соочи со третата најсериозна фаза на санкции, се заканија шефовите на седумте економски најразвиени земји на Самитот  во Брисел.  Кризата во Украина, претседателските избори и инаугурацијата на Петро Порошенко биле главните теми на членките на Г-7. За прв пат по 15 години на самитот не учествуваше рускиот претседател Путин.

„Русија не смее да дозволи да дојде до  деескалација на настаните,  и мора да   соработува со новиот украински претседател. Треба да придонесе за крај на растот на сепаратизмот во Украина, и да ги  повлече вооружените сили од украинските граници. Ние ќе следиме дали има прогрес на ситуацијата. Ако треба ќе воведеме нови поригорозни санкции“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

Лидерите на Г-7 одлучија  да и доделат 18 милијарди евра помош на Украина, покрај 17-те милијарди подршка  од ММФ. Во Брисел и денеска продолжуваат разговорите со фокус на надворешната политика, економската соработка и климатските промени.