Украина-Русија

ЕУ го усвои дванаесеттиот пакет санкции против Русија

19.12.2023 16:34

Европската унија го усвои 12-иот пакет санкции за Русија. Зеленски смета дека со новите мерки Москва ќе биде дополнително економски ослабната. На терен жестоки борби...

Очигледен е застојот во муниција и друга воена опрема што за украинската армија ги доставуваа САД и Европската унија. Во меѓувреме за Москва во сила стапи 12. Европски пакет санкции што се однесува на извозот на руските дијаманти. Со нив според Зеленски се финансира руската агресија.

„Овие санкции се важни бидејќи се воведуваат првпат. Има нови мерки против руското премостување на санкциите и против технологиите кои ги користат. Ова ќе помогне во намалувањето на економската основа за војната и ќе обезбеди глобално функционирање на европските санкции“, изјави Володимир Зеленски претседател на Украина.

Според рускиот министер за одбрана Шојгу од почетокот на војната воено-индустрискиот комплекс неколкупати го зголемил производството на тенкови, пешадиски и оклопни возила, дури 17 пати повеќе на беспилотни летала и исто толку на муниција. Путин предупреди на американското ширење страв за војна на Русија со Европа, пред сè од финансиски причини.

„САД намерно не вовлече со Европа во конфликтот, ги постигнаа целите ги раздвоија Европа и Русија. И сега и го префрлаат товарот на финансиската одговорност и плаќањето на Европа. Европските политичари немаат храброст да им се спротивстават“, изјави Владимир Путин претседател на Руската федерација.

Од наредната година повеќе европски земји ќе доставуваат воени ловци Ф-16, украинските пилоти досега се обучуваа во Северна Америка и во Европа. Рускиот шеф на дипломатијата предупреди-во Украина нема соодветни аеродроми, користењето на пистите на соседните земји ќе ја премести војната од една во повеќе земји. На средбата меѓу францускиот и британскиот шеф на дипломатијата, било договорена потребата-војната во Украина да заврши што побрзо, со пораз на Русија.

 

 

Зоран Богатинов