Унгарска поддршка за Македонија
05.12.2013 11:33
Македонија и Унгарија денеска потпишуваат повеќе договори

Ова е дел од посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан на земјава при што ќе се сретне со неговиот домаќин, македонскиот премиер Никола Груевски. По средбата Орбан-Груевски во Владата, министрите за образование и за култура на двете пријателски држави ќе потпишат акциски планови, додека на министерот за труд и социјални работи ќе му биде предаден ISO сертификат. Министрите за животна средина на Унгарија и на Македонија ќе го верификуваат договорот за соработка во овој домен. Попладнево претседателот на Македонија Ѓорге Иванов ќе го одликува унгарскиот премиер Орбан со „8 Септември“, македонски орден за исклучителни заслуги за развој и зацврстување на пријателските односи.
