Уставен суд денеска ќе ја одржи 45-та седница
Уставниот суд ќе ја одржи 45. седница на која меѓу останатите предмети е предвидено да се гласа по предметот кој опфаќа оспорени одредби од Законот за матичната евиденција.

Уставниот суд ќе ја одржи 45. седница на која меѓу останатите предмети е предвидено да се гласа по предметот кој опфаќа оспорени одредби од Законот за матичната евиденција.
Овој предмет, како што информираат од Уставен, беше ставен на дискусија на 19 јули 2023 година при што се исцрпи дискусијата, но во фазата на гласање, предлогот не го доби потребното мнозинство. Судијата-известител Дарко Костадиновски, тогаш предложи да се поведе постапка, односно во следната фаза Уставниот суд да ја оценува уставноста на три члена кои опфаќаат податок националност во матичните книги на родените, венчаните и умрените од Законот за матичната евиденција, но овој предлог не го доби потребното мнозинство од најмалку пет гласа „за“.
