Седница на Национален совет за евроинтеграции и на собраниската Комисија за европски прашања
На дневен ред е разгледувањето на Нацрт Патоказот за владеење на правото и Нацрт Патоказот за реформа на јавната администрација.

Националниот совет за евроинтеграции и собраниската Комисија за европски прашања денеска во Собранието ќе одржат заедничка седница. На дневен ред е разгледувањето на Нацрт Патоказот за владеење на правото и Нацрт Патоказот за реформа на јавната администрација.
Оваа заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и собраниската Комисија за европски прашања беше одложена на 11-ти декември поради, како што беше посочено, неисполнување на законските услови и обврски за затворена седница со класифициран материјал со степен на тајност.
Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николоски, тогаш побара од присутните да се одложи денешната седница поради неисполнување на законските услови и обврски за затворена седница со класифициран материјал со степен на тајност. Информира дека следната седница по овие точки ќе се одржи на 20-ти декември.
