Институт за македонска литература

Јубилејно чествување на делата на значајни македонски преродбеници

20.12.2023 09:10

Во амфитеатарот на Институт за македонска литература ИМЈ „Крсте Мисирков“ во Скопје денеска ќе се одржи јубилејно чествување на делата на значајни македонски преродбеници.

Во амфитеатарот на Институт за македонска литература ИМЈ „Крсте Мисирков“ во Скопје денеска ќе се одржи јубилејно чествување на делата на значајни македонски преродбеници.

Настанот е во организација на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Одделението за македонска литература во XIX век при Институтот за македонска литература во Скопје нотираше повеќе значајни јубилеи во 2023 година. Поздравно обраќање ќе има Наташа Аврамовска, директор на Институтот за македонска литература. На настанот свои излагања ќе имаат Валентина Миронска-Христовска на тема „За македонските работи во XIX век“, Славчо Ковилоски на тема „Ѓорѓија Пулевски за Македонија и Македонците“, Марина Цветаноска на тема „Прличевото ’Чувај се себеси‘“ и Сарита Трајанова на тема „Одбележувањето на јубилејни годишнини од македонскиот книжевен XIX век – значаен прилог за културната меморија“.

 

 

 

 

 

Фото: ИМЛ