ИЗРАЕЛ
127 камиони со хуманитарна помош влегле во Појасот Газа
20.12.2023 09:37
На фронтот, израелските одбранбени сили ги продолжуваат операциите во Појасот Газа, но и на границата со Либан...

127 камиони со хуманитарна помош влегле во Појасот. Во меѓувреме, Египет и САД се договорија да соработуваат за да се спречи раселувањето на палестинците од нивната земја, соопшти египетското МНР. На фронтот, израелските одбранбени сили ги продолжуваат операциите во Појасот Газа, но и на границата со Либан.
Гласањето за нацрт-резолуцијата за војната во Газа повторно беше одложено, на предлог на Обединетите Арапски Емирати, за да се избегне американското вето.
