УКРАИНА

Одбиени напади со руски беспилотни летала врз Киев, Харков нападнат со ракети земја-воздух

20.12.2023 09:42

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека нивните системи за противвоздушна одбрана уништиле 18 од 19 дронови лансирани во главниот град, Одеса, Керсон и други региони...

Одбиени напади со руски беспилотни летала врз Киев. Харков нападнат со ракети земја-воздух. Воздухопловните сили на Украина соопштија дека нивните системи за противвоздушна одбрана уништиле 18 од 19 дронови лансирани во главниот град, Одеса, Керсон и други региони. Украинскиот претседател Зеленски изјави дека украинската армија побарала да се мобилизираат меѓу 450.000 и 500.000 луѓе.

Од друга страна, Федералната служба за безбедност на руската федерација соопшти дека поради воените неуспеси Киев почнува да ја засилува тајната борба, испраќајќи агенти и саботери во Русија.