Македонија

Официјално стартуваше скијачката сезона на Попова Шапка

20.12.2023 10:25

Попова Шапка ја стартуваше скијачката сезона. Работат само ски-лифтовите „Поток“, „Аеродром“ и жичницата „Свети Илија“, новиот шестосед. Ако има дополнителна снежна покрива, центарот ќе работи со полн капацитет...

Првите туристи пристигнаа на центарот. Сликата иста како и минатата година. Попова Шапка, планинскиот бисер на Шара, во полн сјај. Привлечен за туристите кои со години бараат нова скијачка инфраструктура и повеќе паркинг места.

Хотелиерите велат дека веќе ја имаат резервирано целата зимска сезона. Освен инфраструктура, потребна е и поголема промоција на Попова Шапка.

Од Скијачкиот центар, велат дека постапката за најавените странски инвестиции во центарот се одвиваат во Владата. За нас е најважно што сите капацитети се подготвени за успешна скијачка сезона, која сепак ќе зависи од врнежите на снег.

Инаку министерката за животна средина, Каја Шукова, при неодамнешната посета на Општина Тетово, изјави дека процесот кон конечен договор за капитални инвестиции на Попова Шапка од страна на италијанската компанија Техно Алпин, оди во добра насока.

Инвестициите требаше да започнат изминатава пролет, но моментално на терен нема никакви активности.

 

Зоран Димовски