аерозагадување

Скопје утрово десетти најзагаден град во светот

20.12.2023 11:47

Скопјани утрово дишат загаден воздух. Индексот на загаденост утринава беше 161...

Скопјани утрово дишат загаден воздух. Главниот град се најде на 10-тото место по загаденост во светот, додека пак главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, од првото место се спушти на второто, веднаш зад Лахоре, главниот град на Пакистан, покажува специјализираната интернет страница Iqair.com.

Индексот на загаденост утринава беше 161, најзастапени ПМ 2,5 и ПМ10 честичките.

На 11-то место се најде Белград, 14-ти е Рим, а на 15-то место е Приштина со податоци малку подобри од Скопје.