МВР
Претрес во Штип, пронајдена марихуана, приведени двајца турски државјани
20.12.2023 12:26
При претрес во домот во кој престојуваат, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка...

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Штип вчера ги лишиле од слобода С.Ј.(25) и О.Ј.(33), двајцата турски државјани, со привремен престој во Штип.
При претрес во домот во кој престојуваат, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, сооптшуваат од МВР.
