Кингс со победнички старт
Хокејарите на Лос Анџелес Кингс поведоа во финалето на Стенли Купот против Њујорк Ренџерс, триумфирајќи со 3-2 со гол во продолжението од првиот натпревар од серијата до четири победи.

Хокејарите на Лос Анџелес Кингс поведоа во финалето на Стенли Купот против Њујорк Ренџерс, триумфирајќи со 3-2 со гол во продолжението од првиот натпревар од серијата до четири победи.
Џастин Вилијамс го постигна погодокот во петтата минута од екстра времето, во средбата во којашто шампионот на Западот се спасуваше од раното водство на најдобриот источен тим од 2-0. Пујо и Хагелин беа стрелци за Ренџерс уште во почетните минути од мечот во Лос Анџелес. Кингс набргу намалија преку Клифорд, а потоа преку Даути на почетокот на вториот период изедначија на 2-2. Тој резултат остана до крајот на регуларното време, иако домашниот тим стори се да да ја обезбеди стартната победа.
Феноменалниот голман на Њујорк Лундквист одбрани дури 40 шута кон неговиот гол, но не можеше да го спречи поразот на Ренџерс во првото нивно финале по пауза од 20 години. Лос Анџелес, којшто е шампион во НХЛ Лигата од пред две години, а трите серии од плеј-офот сезонава ги добиваше со победа во мајсторките, ќе биде домаќин и на вториот натпревар.
