До новата влада на Србија и на СНС може да се чека и до пролетта идната година
Според законите на Србија и можното прегласување по жалбите, до новата влада на Србија и на СНС може да се чека и до пролетта идната година …

РИК ги прогласи прелиминарните резултати од изборите во Србија со кои СНС победи на овие избори, опозицијата преку демократски протести бара поништување на изборите, особено за град Белград, а започна и процесот на поднесување жалби до РИК за изборните нерегуларности, за можно прегласување на одделни бирачки места.
Се огласија и меѓународните набљудувачи, ОБСЕ, ОДИХР, Советот на Европа и други.
„Претседателот требаше да биде неутрална фигура во овие избори, оти на неговата партија и даде предност. Имаше низа други проблеми. Непристрасна покриеност во медиумите, нефер изборни услови, и наводни манипулации со гласовите. Ова се сериозни проблеми со кои мора да се позанимаваат институциите на оваа земја, тие мора да се истражат и ним мора повторно да им се посветите“, Стефан Сенах, шеф на делегацијата на Советот на Европа.
По ова се огласија од Европската комисија со очекување дека надлежните државни органи на Србија ќе реагираат на транспарентен начин на веродостојните извештаи за нерегуларности на изборите, кој вклучуваат и наводи за нерегуларности на изборите во Белград. САД ја повикаа Србија да работи со ОБСЕ и да одговори на тврдењата за изборни нерегуларности. Од Германија, соопштија дека настаните кои уследија по изборите се неприфатливи за земјата која е кандидат за членство во ЕУ.
Спротивно на нив, Русија, Кина, Унгарија и Турција му ја честитаа на победата Вучиќ.
Ако се земат законските прописи на Србија, прегласувањето по жалбите, како и демократскиот начин на протестите на опозицијата, како што самите најавија, ќе треба време барем до пролетта идната година за да ја дознаеме новата Влада и во парламентот и на сите други нивоа.
Оливер Бранковиќ
