Даниелсон на средби со Попоски и дипломатите во земјава
05.06.2014 12:51
Европската интеграција е стратешка определба на Македонија...

Првиот човек на Директоратот за проширување на Европската унија, Кристијан Даниелсон, ја продолжи работната посета во Скопје. Има средби со шефот на дипломатијата, Никола Попоски и со дел од лидерите на политичките партии.
Европската интеграција е стратешка определба на Македонија. Оваа порака ја доби на вчерашната средба со премиерот Никола Груевски.
Даниелсон ќе разговара и со дипломатите во земјава.
