Контролорите на летање утре ќе одлучуваат за штрајкот
И по средбата со менаџментот, со медијаторство на министерот за транспорт останува на барањата за поништувања на огласите за вработувања на, како што велат, неквалификуван и непотребен персонал. Бараат да се вработуваат инженери кои се потребни за натамошно функционирање на службата...

Синдикатот на македонската контрола на летање утре на состанок ќе одлучува дали ќе штрајкува на 25-ти декември и за Нова година. И по средбата со менаџментот, со медијаторство на министерот за транспорт останува на барањата за поништувања на огласите за вработувања на, како што велат, неквалификуван и непотребен персонал. Бараат да се вработуваат инженери кои се потребни за натамошно функционирање на службата.
Министерот вели дека апелирал да нема прекин на работата, административните постапки да не се одразат на авиосообраќајот.
Синдикалците во контролата на летање најавија штрајк револтирани од вработувањата на кадри без квалификации со што се загрозува безбедноста на авиосообраќајот. Сметаат дека во овие огласи не се почитувани роковите, а кадарот кој треба да се вработи „не е од суштинските дејности и не е потребен“.
Ирина Гелевска
