ОЈО

Кандидатите за наследник на Јовески, чекаат мислење од Советот на јавни обвинители

20.12.2023 15:31

Кој ќе го замени Јовески привремено ќе се знае в петок. Оценките за тројцата кандидати кои влегоа во трка за местото на државниот обвинител Советот ќе ги даде во следните две недели, за наследникот на Јовески ќе пресече Собранието...

Во петок Советот на јавните обвинители ќе назначи вршител на должност за највисоката обвинителска функција. Мандатот на државниот обвинител Љубомир Јовески истекува на 25-ти декември, а негов заменик сè уште не е избран. Во трката влегуваат Фатиме Фетаи, Лидија Раичевиќ и Љупчо Коцевски. Нивните биографии Советот ќе ги разгледува на идна седница. Владата ги задолжи да ги оценат кандидатите.

Лиле Стефанова од одделот за организиран криминал и корупција од 1-ви јануари ќе работи во Републичкото обвинителство. Јавноста ја знае како дел од тимот на Јанева во СЈО, но и како застапник на обвиненијата во високопрофилираните случаи-„Плацеви на Водно“, „Империја“, „Титаник“, „Траекторија“. Колега ќе и биде Наум Пановски кој исто така е унапреден. Со двајца обвинители ќе се засили и потенцијалот на гостиварскиот Апелациски суд.

 

 

 

Анита Димитријевска – Велковска