Македонија
Уставниот суд со времена мерка, нема да се пишува националност во изводите до конечната одлука
20.12.2023 15:51
Уставниот суд смета дека овие оспорени одредби не се во согласност со членовите 8 и 18 кои ја гарантираат тајноста на личните податоци.

Уставниот суд одлучи да поведе постапка по делови од три члена од Законот за матична евиденција во кој е содржан зборот националност, во изводите за родени, за венчани и за умрени лица.
Уставниот суд смета дека овие оспорени одредби не се во согласност со членовите 8 и 18 кои ја гарантираат тајноста на личните податоци.
Од денеска па сè додека судот не ја донесе конечната одлука, службите не смеат од граѓаните да се бараат вакви податоци за впишување на националност во изводите за родени, венчани и умрени лица, со оглед на тоа дека е донесена т.н. времена мерка, потенцираат од Судот.
