Македонија

Претседателот Пендаровски ги врачи признанијата „Македонски квалитет“ за 2023 година

20.12.2023 16:00

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го додели признанието „Македонски квалитет“ за 2023 година на десет претпријатија – економски амбасадори кои придонесуваат кон развојот на домашната економија и нејзината меѓународна афирмација...

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го додели признанието „Македонски квалитет“ за 2023 година на десет претпријатија – економски амбасадори кои придонесуваат кон развојот на домашната економија и нејзината меѓународна афирмација.

Во согласност со прецизно воспоставените критериуми, годинашни носители на признанието „Македонски квалитет“ се компаниите Виталиа, Винарска визба Милев, Агриа, Рикомак, Сигма-СБ, Еуро Консалт Плус, Бучен Козјак, Кав Комерц, Визиа и Билкилајф.

Традиционалната манифестација се одржува во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија, а под покровителство на претседателот Пендаровски.