Здравство

Здравство сè уште нема решение за ангажираниот персонал кој е со договор на дело

20.12.2023 17:00

Во Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Козле пуштен е во употреба нов апарат за роботска рехабилитација, наменет за рехабилитациска терапија на пациенти со тешко до умерено оштетување на способноста за одење. Десетина дена пред крајот на годинава сè уште не се знае дали Владата ќе обезбеди финансии за да се реши статусот на над две илјади здравствени работници кои работат со договор на дело во институциите...

Неизвесност демне врз ангажираните со договор на дело во јавното здравство. Ни вчера на Владина седница не помина решението за статусот на околу 2.500 медицински сестри, болничари, хигиеничари. Министерот вели ќе најде решение.

Онколошките пациенти стравуваат дека од први јануари ќе има недостиг на биолошка терапија, министерот за здравство вели се работи на надминување на проблемот. Најави дека до 5-ти јануари ќе се распишел тендерот за КАТО-системот на Онкологија, а Министерството ќе обезбеди нов едуциран кадар за работа.

На Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација во Козле беше пуштен во употреба новиот апарат за роботска рехабилитација

Современиот роботски апарат е наменет за пациенти со тешко до умерено оштетување на подвижноста предизвикано од невролошки заболувања, повреди на мозокот и церебрална парализа.

 

Наташа Јанчиќ-Менковски