Србија

Српската опозиција повторно на протест пред РИК, бараат поништување на изборите

21.12.2023 08:41

Коалицијата „Србија против насилството“ тврди дека победата на Српската напредна партија во Белград е резултат на изборна кражба...

Граѓани и активисти на српската опозиција повторно на протест пред седиштето на Републичката изборна комисија. Бараат поништување на изборите на сите нивоа и во Белград. Коалицијата „Србија против насилството“ тврди дека победата на Српската напредна партија во Белград е резултат на изборна кражба.

„Сакаме институции, сакаме владеење на законите и правото. Тоа е пораката и до меѓународната заедница – ако сакате да ја гледате Србија како уредно општество, зборувајте сега или молчете засекогаш“, изјави Мирослав Алексиќ од коалицијата „Србија против насилство“.

„Барањето за поништување не е во надлежност на Републичката изборна комисија. Ако идејата на опозицијата е вината да ја префрлат исклучиво на Изборната комисија, не можам да сторам ништо околу тоа“, изјави Владимир Димитријевиќ.

Претседателот Вучиќ им возврати дека не можат да се помират со изборниот пораз. Им порача дека ќе ја одбрани изборната волја на народот.