ИЗРАЕЛ-ХАМАС

САД очекува Израел да се фокусира на лидерите на Хамас

21.12.2023 09:12

Војната со Хамас ќе продолжи додека Хамас не биде елиминиран - изјави израелскиот премиер Нетанјаху...

САД велат дека се водат сериозни преговори за ново примирје во Газа и ослободување повеќе заложници. Сепак, по разговорите во Каиро и Израел и Хамас потврдија дека се далеку од договор.

„Нема да има преговори за прашањето на затворениците пред да се прекине агресијата-овој став им е соопштен на сите страни“, изјави Осама Хамдан, висок функционер на Хамас.

Војната со Хамас ќе продолжи додека Хамас не биде елиминиран-изјави израелскиот премиер Нетанјаху.

„Ја продолжуваме војната до крај, сè додека Хамас не биде елиминиран – до победа. Нема да престанеме да се бориме додека не ги постигнеме сите поставени цели“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.