Украина
Зеленски: Украина се повеќе се потпира на разни видови дронови
21.12.2023 09:17
Тој ги истакна и резултатите од неговото учество во консултациите со владата и армијата во Киев за залихите на беспилотни летала со кои располага и што е потребно од нив на првата линија на одбраната...

Украина се повеќе се потпира на разни видови беспилотни летала во одбрана од руската инвазија, изјави украинскиот претседател Зеленски во видеообраќањето. Тој ги истакна и резултатите од неговото учество во консултациите со владата и армијата во Киев за залихите на беспилотни летала со кои располага и што е потребно од нив на првата линија на одбраната.
„Ќе ја забрзаме логистиката“, изјави украинскиот претседателот, каде што, исто така, интензивно се работи на подобрување на ефикасноста на беспилотните летала.
