Македонија
ЦУК: 1.772 повици на бројот за итни случаи 112
21.12.2023 09:53
Согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, кон Полиција биле упатени 60,90 проценти...

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во последното деноноќие примени се вкупно 1.772 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од кои 42,16 отсто биле за итни потреби на граѓаните.
Согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, кон Полиција биле упатени 60,90 проценти, кон Итната медицинска помош 29,70 отсто, кон пожарникарите 5,26 проценти, а кон АМСМ 0,38 отсто од повиците.
