МВР

Казнети 159 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

21.12.2023 10:26

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 159 возачи.

Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 80 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 79 надвор од населено место, информираат од МВР.