Руско - украински конфликт

Нов напад на руските сили врз киевската област

21.12.2023 10:46

Зеленски изјави дека се повеќе се потпираат на разни видови беспилотни летала во одбраната од руската инвазија, како компензација за малите резерви на артилериска муниција...

Русија изврши нов воздушен напад врз киевската област, соопштија украинските сили. Претседателот Зеленски изјави дека се повеќе се потпираат на разни видови беспилотни летала во одбраната од руската инвазија, како компензација за малите резерви на артилериска муниција.

За наредната година Киев планира производство на над 11 илјади борбени дронови. По Унгарија, и Словачка најави дека ќе стави вето на потенцијалното членство на Украина во НАТО, поради, како што рече словачкиот премиер Фицо, закана за почеток на трета светска војна.