Фудбал
Бојан Миовски со два гола му донесе победа на Абердин
21.12.2023 11:05
Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ги постигна двата гола синоќа во победата на Абердин над Ливингстон.

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ги постигна двата гола синоќа во победата на Абердин над Ливингстон.
Гостите први дојдоа во водство, но Македонецот погоди за изедначување во финишот на првиот дел, додека во 65. минута ги постави конечните 2:1.
За Миовски ова беше осми погодок во тековната сезона во шкотското првенство.
Ова беше натпревар од 12. коло на шкотската Премиер лига.