Кривичен
Судот ги ослободи од обвинение поранешниот директор на Онкологија и двајцата лекари
21.12.2023 11:35
Ослободителна пресуда за екс-директорот Васев и двајцата лекари на скопска Онкологија по тужбата од семејството на починат пациент за несовесно лекување.

Ослободителна пресуда за екс-директорот Васев и двајцата лекари на скопска Онкологија по тужбата од семејството на починат пациент за несовесно лекување. Обвинителството не успеа да докаже вина ама најави жалба.
Обвинителството тврдеше дека пациентот Томо Ристовски не добивал терапија во периодот од неколку месеци во 2018 година на Онкологија по што починал.
Судот пресуди дека лекарите не се виновни за кривични дела.
