Грција продава 13 атрактивни плажи
Идните закупувачи ќе ги добијат овие плажи во следните 50 години и ќе имаат право да наплаќаат влез...

Грчкиот фонд за приватизација на долгогодишен закуп ги понуди најдобрите 13 плажи, на Родос, Саракинос, Елефонисос, но и на Халкидики, како и на неколку популарни места каде често летуваат Македонци.
Идните закупувачи ќе ги добијат овие плажи во следните 50 години и ќе имаат право да наплаќаат влез, да изградат сместувачки и угостителски објекти, како и да ги уредат според сопствена волја.
Грчките медиуми јавуваат дека токму на овој дел најмногу се бунат грчките организации за заштита на животната средина и граѓаните на Грција.
Тие сметаат дека со ваква приватизацијата на плажите ќе се уништи морскиот брег, а посетителите и туристите ќе бидат обесправени бидејќи закупците ќе имаат ексклузивно право да го ограничат пристапот до нив.
