И денеска високо аерозагадување во Скопје
Дури и светскиот мониторинг сервис „Ваки“, на којшто се повикуваат од Град Скопје кога тврдат дека станува збор за сензационалистичка лага за наводна загаденост, утрово покажуваше дека граѓаните на главниот град дишат токсичен воздух што е штетен по нивното здравје.

Скопје и уште неколку градови во државава и денеска регистрираат високо аерозагадување. Дозволениот праг на концентрација на штетните честички неколкукратно е надминат.
Граѓаните се гушат во загадениот воздух. Дури и светскиот мониторинг сервис „Ваки“, на којшто се повикуваат од Град Скопје кога тврдат дека станува збор за сензационалистичка лага за наводна загаденост, утрово покажуваше дека граѓаните на главниот град дишат токсичен воздух што е штетен по нивното здравје.
Иако Скопје денеска беше во топ 10 најзагадени градови во светот, мерки засега нема. Лекарите ги советуваат граѓаните да се заштитат.
