На повидок решение за платите во ДИЦ
Вработените во ДИЦ бараат покачување на платите за 25 проценти и измена на колективниот договор.Министерството за образование и наука очекува наскоро да се најде решение.

Продолжува штрајкот во Државниот испитен центар. Вработените во ДИЦ бараат покачување на платите за 25 проценти и измена на колективниот договор. Министерството за образование и наука очекува наскоро да се најде решение.
Министерот Шаќири смета дека директорката на Државниот испитен центар од јануари ќе има можност да ги зголеми платите за 30 проценти, но според него, не е во ред да се условува со блокада за лиценците на наставниците и директорите. Од Синдикатот, пак, тврдат дека не бараат додатоци, туку достоинствена плата, бидејќи Шаќири се повикувал на непостојни документи.
Синдикатот на ДИЦ од 11-ти декември го продолжи штрајкот што го почна во мај, бидејќи вработените не беа задоволни од одговорот од Министерството за финансии за нивното барање за зголемување на платите.
