САД со охрабрување до земјава да ги спроведе потребните реформи
Американскиот Стејт департмент излезе со охрабрување до земјава да ги спроведе реформи во судскиот, здравствениот и образовниот сектор, со што ќе се поплочи патот за целосна интеграција во ЕУ...

Американскиот Стејт департмент излезе со охрабрување до земјава да ги спроведе неопходните чекори и реформи. Оттаму, за агенцијата МИА, велат дека ова вклучува реформи во судскиот, здравствениот и образовниот сектор, со што ќе се поплочи патот за целосна интеграција во ЕУ.
На прашањето, дали дипломатијата на САД помага за надминување на ќор-сокакот со уставните измени, кои се предуслов за отворање на поглавјата во процесот на претпристапните преговори, од Стејт департментот велат дека одговорот за тоа треба да се бара на претстојните избори.
„Се надеваме дека на претстојните избори, гласачите ќе бараат транспарентност и одговорност од избраните лица и ќе побараат посилна, подобра и попросперитетна земја која ја заслужуваат“, посочуваат од американскиот Стејт департмент.
