Утре почнува Баскерфест

05.06.2014 14:20

Официјалниот почеток на уличниот театар во главниот град е утревечер во 21 часот на плоштадот „Македонија“...

Почнува Баскерфест. 150- тина улични артисти ќе ги забавуваат граѓаните на Скопје од 6-ти до 15-ти јуни.

Официјалниот почеток на уличниот театар во главниот град е утревечер во 21 часот на плоштадот „Македонија“ на платото кај скалите кај Камени мост,  со настапот на Алдруби  (Танцот на балоните) од Нови Сад.

На плоштадот „Македонија“ ќе има три бини, од кои на две ќе настапуваат уличните артисти, а едната ќе биде музичка. Преостанатата програма ќе се одвива на локациите „Пивница Стар Град“ (Стара скопска чаршија) и „Градска плажа парк“ (на кејот зад Градски парк).

Од касата на град Скопје, за оваа деветта традиционална манифестација, се одвоени 900 илјади денари.