Ослободителна пресуда за докторот Никола Васев и уште двајца лекари од Онкологија
Ослободителна пресуда за екс-директорот и двајцата лекари на скопска Онкологија по тужбата од семејство на починат пациент за несовесно лекување. Обвинителството не успеа да докаже вина ама најави жалба.

Ослободителна пресуда изрече Кривичниот суд за ексдиректорот на Онкологија, Никола Васев и за двајцата лекари од Клиниката, Игор Стојковски и Марија Симоновска. Судот оцени дека Обвинителството не ја докажало нивната вина за смртта на пациентот, Томо Ристовски, кој почина од рак на кожата.
Постапувајќи по кривичната пријава што ја поднесе семејството, пред повеќе од 2 години, Обвинителството оформи предмет кој влезе во судска постапка. Во обвинителниот предлог се наведува дека Ристовски, неколку месеци не ја примал потребната терапија поради што му се влошила состојбата и починал. Обвинителството најави жалба до повисокиот суд.
Обвинителката Лидија Раичевиќ, е еден од тројцата кандидати кои претендираат да го заменат Љубомир Јовески на функцијата Републички јавен обвинител. Таа смета дека земјава заслужува обвинител кој ќе ја врати довербата во правосудството, ќе пружа кривично правна заштита и ќе помогне да се намали криминалот.
В петок, пак, Советот на јавни обвинители ќе избере привремен наследник на Јовески, чијшто мандат истекува в понеделник.
Анита Димитријевска - Велковска
