Честитки од Бан Ки-Мун, Обама, Џипинг до Иванов, по повод реизборот

05.06.2014 14:32

По повод инаугурацијата и реизборот на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, писма со честитки упатија генералниот секретар на Обединетите нации, претседателите на САД, Кина, Италија, Австрија, Грција, Албанија, Белорусија, Монголија, на Швајцарската Конфедерација, кралот на Шпанија, кралот на Мароко,  императорот на Јапонија и претседателот на Европскиот совет.

По повод инаугурацијата и реизборот на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, писма со честитки упатија генералниот секретар на Обединетите нации, претседателите на САД, Кина, Италија, Австрија, Грција, Албанија, Белорусија, Монголија, на Швајцарската Конфедерација, кралот на Шпанија, кралот на Мароко,  императорот на Јапонија и претседателот на Европскиот совет.

Охрабрен сум од визијата за Вашата земја која ја изнесовте во Вашето инаугуративно обраќање како земја која се темели на демократијата, владеењето на правото, човековите права и граѓанските слободи, социјалната правда и солидарноста, како и на почитувањето на различностите и соживотот. Исто така, охрабрен сум од Вашата постојана заложба за добрососедски односи и градење на мостови на пријателство и соработка во регионот. Тие се суштински елементи за создавање на просперитетна и стабилна иднина на Вашата држава и на Вашиот народ на патот кон Европската унија, пишува во честитката генералниот секретар на ОН,  Бан Ки-мун.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама посакувајќи му на Иванов сè најдобро на самиот почеток на вториот мандат како македонски претседател, вели дека САД и Македонија имаат воспоставено тесна соработка за низа билатерални и мултилатерални прашања. - Го поздравувам продолжувањето на нашето партнерство и особено го ценам придонесот на Македонија во Авганистан. Вашиот нареден мандат дава можност за зајакнување на напорите на Македонија во делот на спроведувањето на реформите кои се неопходни за евро-атлантските интеграции, подвлекува во честитката Обама.

Во писмото претседателот на НР Кина, Си Џинпинг изразува срдечни честитки по повод резиборот на претседателот Иванов и изразува надеж за нови успеси на оваа одговорна функција. - Традиционалните пријателски односи меѓу Кина и Македонија се продлабочуваат. Последниве години односите често се развиваат на високо ниво и политичката взаемна доверба се зголемува, постојано има богато достигнување за соработка во економска, трговска, културна област итн. Подготвен сум да вложиме заеднички сили со Вашата Екселенција да ги туркаме кинеско-македонските односи на повисоко ниво, стои во честитката од претседателот Џинпинг.