Поголема застапеност на листите за пратеници и советници, бараат лицата со попреченост
Лицата со попреченост бараат поголема застапеност. Укажуваат, и по 30 години демократија, досега немало ниту еден народен избраник од оваа категорија граѓани…

Над 30 години демократија, ниту еден пратеник со попреченост. Здруженијата апелираат на промена на свеста и на системот, бидејќи оваа категорија мора да биде подобро застапена во политичкиот живот за полесно да си ги оствари правата. До Собранието поднесена иницијатива за измени во Законот за финансирање на политиките партии, со којашто би се овозможило најмалку тројца кандидати пратеници на партиските листи да бидат луѓе со попреченост.
Државната изборна комисија презема чекори, лицата со попреченост да се вклучат во работа на избирачките одбори и во изборните комисии, а се прават напори да се отстранат и физичките бариери за пристап до сите институции кои се поврзани со изборниот процес.
Според нашиот избирачки список од март 2019 од вкупно 1,8 милиони гласачи, на над 270 илјади со попреченост им било одземено правото да бидат бирани, а не само тие да бираат.
Игор Панов
