Евроинтеграции

Северна Македонија да ги забрза уставните измени, повика Брисел

21.12.2023 15:17

Проширувањето е процес на заслуги, земјава да го забрза носењето на уставните измени, повика денеска Брисел. Оттаму повторно тврдат дека има поволен моментум за проширување на блокот. Унијата бара спроведување на реформите-поттик за тоа се парите од Планот за раст на Западен Балкан што не е поврзан со носењето на уставните амандмани…

По претставувањето на европскиот План за раст подготвена е работна група која треба да изработи проекти за спроведување на реформи со финансиска поддршка од Унијата. Техничката влада не е пречка за спроведување на забрзани реформи, велат од преговарачкиот тим.

Од невладиниот сектор сметаат дека Планот за раст е добар инструмент за фокусирање на реформите во најпотребните области.

Планот за раст на Западен Балкан тежок шест милијарди евра, е инструмент за приближување на земјите кандидати кон ЕУ пред полноправното членство.

Во меѓувреме, портпаролката на Европската комисија, Писонеро за МИА повика да забрза процесот за носење на уставните измени и да се спроведат реформите.

Ирина Гелевска