Фудбал – ФИФА ранкинг

Македонија остана 80-та!

05.06.2014 14:48

Македонија засега ги задржа 419-те поени, затоа што поразот од Камерун се уште не е вкалкулиран, а натпреварот со Катар беше неофицијален...

Без разлика на двата пријателски натпревара против Камерун и Катар, македонската фудбалска репрезентација остана на 80-то место на ФИФА ранг листата. Македонија засега ги задржа 419-те поени, затоа што поразот од Камерун се уште не е вкалкулиран, а натпреварот со Катар беше неофицијален.
 
Шпанија којашто е наш противник во квалификациите за Европското првенство 2016-та година и натаму е лидер во светскиот фудбалски поредок. Другите противници од групата, Украина е 16-та, Словачка 49-та, Белорусија 82-ра, а Луксембург 112-ти.
 
Во пресерт на мундијалот, Германија верно ја следи Шпанија, трет сега е Бразил којшто напредуваше за една позиција за сметка на Португалија. По две места на ФИФА ранкингот се искачија Аргентина на петтото и Швајцарија на шестото. Уругвај падна на седмата, Колумбија од петтата на осмата позиција. Италија остана девета, Англија влезе во Топ 10, а испадна Грција којшато сега е 12-та. Пред неа е и Белгија на 11-то место.