Чешка
Пукање во центарот на Прага, има мртви и повредени
21.12.2023 16:49
Во пукање во центарот на Прага убиени или повредени се повеќе лица, но точниот број засега не е познат...

Во пукање во центарот на Прага убиени или повредени се повеќе лица, но точниот број засега не е познат.
Во таа област се наоѓаат Филозофскиот факултет и Академијата за уметност, архитектура и дизајн.
Засега полицијата не открива повеќе детали за жртвите и околностите за пукањето.
Напаѓачот е елиминиран, објави чешката полиција.
