Чешка

Најмалку 15 лица загинаа и над 20 се ранети на Карловиот универзитет во Прага

21.12.2023 19:25

Најмалку 15 лица загинаа, над 20 се ранети на Карловиот универзитет во центарот на Прага. 24-годишниот студент Козак Давид го извршил масовното пукање во зградата на Филозофскиот и Факултетот за уметност. Полицијата соопшти дека е елиминиран. Бил поврзан и со друго насилно убиство недалеку од чешката престолнина. Јавноста е згорозена од инцидентот...

Петнаесетина мртви, над 20 повредени лица, од кои половина во животна опасност, во масовното пукање на Карловиот универзитет во Прага. Масакрот го извршил 24-годишниот студент Давид Козак. Полицијата го елиминирала. Користел долго оружје со оптика. Причини за нападот засега не се познати.

Огромен број на лица во паника се обидувале да избегаат во моментот кога било пукањето на Филозофскиот факултет и Факултетот за уметности во центарот на чешката метропола. Настанал хаос по улиците.

Неофицијално, пред да го изврши масакрот на универзитетот, 24-годишниот студент по историја кој имал психички проблеми, го убил и својот татко.

Потоа се упатил на универзитетот, а додека траел нападот, студентите преку социјалните мрежи, ги предупредувале своите колеги да останат заклучени во училниците и во библиотеката.

„Напаѓачот е убиен и ги повика граѓаните кои се движат во центарот на Прага строго да ги почитуваат инструкциите на полицијата, да ги почитуваат сите затворања поставени од полицијата и да не одат на местото за да ја видат ситуацијата за да не ја комплицираат интервенцијата“, напишал чешкиот министер за внатрешни работи Витра Кушан во објава на својот Фејсбук-профил.

Плоштадот Јан Пелих и околината околу универзитетот остануваат целосно затворени и под полициска опсада.

 

Марија Котовска