Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Претежно во западните и северните делови повремен снег ќе паѓа и на некои повисоки места. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието северозападен, а во западните делови западен ветер, кој наместа повремено ќе засилува...

Променливо облачно, наутро со појава на голомразица во северните делови и од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег што ќе ја зголеми снежната покривка. Претежно во западните и северните делови повремен снег ќе паѓа и на некои повисоки места. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието северозападен, а во западните делови западен ветер, кој наместа повремено ќе засилува.
Во Скопје променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наутро во делови од регионот ќе има услови за појава на голомразица, а преку денот на повисоките места ќе паѓа повремен снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
