Премиерот Ковачевски во посета на ЈЗУ „Козле“-Скопје по повод промена на дејноста и називот на клиниката
Премиерот Димитар Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на настан по повод промената на дејноста, видот и називот на институцијата ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај деца „Козле“ – Скопје...

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на настан по повод промената на дејноста, видот и називот на институцијата ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај деца „Козле“ – Скопје.
Дејноста на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле – Скопје е вршење специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита и здравствена дејност на терцијарно ниво од областа на респираторните заболувања кај децата и цистичната фиброза, изведување образовна дејност, вршење усовршување на здравствените работници и научно-истражувачка дејност.
