Собрание

Во Собранието избор на новиот состав на ДКСК

22.12.2023 08:22

За претседател е предложена Татјана Димитровска, а за членови на ДКСК се предложени Софија Спасова Медарска, Билјана Каракашова Шулев, Бесник Џемаиљи, Зоран Богоевски, Цвета Ристовска и Демири Сервет.

На собраниска седница е изборот на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. За претседател е предложена Татјана Димитровска, а за членови на ДКСК се предложени Софија Спасова Медарска, Билјана Каракашова Шулев, Бесник Џемаиљи, Зоран Богоевски, Цвета Ристовска и Демири Сервет.

Според Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, ако Собранието не избере претседател и членови на Државната комисија, постапката за избор се повторува во целост со објавување конкурс веднаш, а не подоцна од рок од десет дена. Оваа комисија треба да почне да функционира на 8-ми февруари.