Штип: Градот живее со „Макфест“
Штип пулсира во знакот на „Макфест“. Во градот под Исарот се е подготвено за почетокот. Граѓаните очекуваат гламурознен фестивал, угостителите и хотелиерите добра заработувачка...

Штип е подготвен за почетокот на годинешново издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“. Во Домот на културата е поставена сцената, а на грдскиот плоштад видео бим.
„Поради ограниченоста на просторот во салата која располага со само 650 места, сите заинтересирани Фестивалот ќе можат да го следат и на отворено“, изјава Трајче Јованов, технички директор на „Макфест“.
Високите награди ги вратија звучните имиња на Фестивалот, што е предуслов за добра забава.
„Градот ќе биде полн, ќе има многу познати пејачи, очекуваме забава и добра атмосфера“, изјавија анкетираните штипјани.
За време на трите фестивалски вечери, во Штип се очекуваат неколку илјади гости. Сместувачките капацитети се полни, а угостителите подготвени.
„Капацитетите се резервирани уште пред една недела, сите 60 легла веќе зафатени, слободнои место нема“ изјави Емилија Николовска, угостителски работник.
„За Макфест подготвуваме специјално мени. Акцентот ќе го ставиме на морските специјалитети“, открива Томе Донев, угостителски работник.
Годинава, на сцената на „Макфест“ ќе се изведат 30 композиции во две полуфинални вечери. Свое шоу ќе има Даниел Кајмакоски, а Штип се надева на приход од околу 200.000 евра.
Оливера Жежова
