Дополнителниот предлог Буџет денеска пред пратениците
Пратениците во Собранието денеска во рамки на 135-та седница ќе расправаат за Дополнетиот предлог на Буџет на Република Северна Македонија за 2024 година – второ читање.

Пратениците во Собранието денеска во рамки на 135-та седница ќе расправаат за Дополнетиот предлог на Буџет на Република Северна Македонија за 2024 година – второ читање.
По амандманската расправа во законодавниот дом, Владата на 18 декември го утврди текстот на Дополнетиот предлог буџет. Во него се вгради прифатените амандмани, по расправите во надлежните комисии во Собранието, а направени се и потребни измени и дополнувања на првично утврдениот Предлог буџет.
Клучните елементи на Дополнетиот предлог буџет за 2024 година, како што соопштија од Владата, се редизајнирање на буџетската политика и фискална консолидација.
Во тек на амандманската расправа прифатени се три амандмани од вкупно поднесените 272, еден на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и два на владејачката СДСМ.
