Македонија

Николовски заедно со Шукова и Бочварски во посета на Општина Делчево

22.12.2023 09:04

При посетата на Општина Делчево министрите ќе извршат увид и посета на неколку проекти реализирани во Делчево, поддржани со средства на Владата...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска се во посета на Општина Делчево. При посетата на Општина Делчево министрите ќе извршат увид и посета на неколку проекти реализирани во Делчево, поддржани со средства на Владата.

Министрите ќе извршат увид во реконструкцијата на булевар Македонија во Општина Делчево, каде што изјава за медиуми ќе даде министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.