Газа

Хамас: Ќе запреме со ослободување на заложници, сè додека Израел не се согласи на траен прекин на огнот

22.12.2023 09:07

Милитантна група Хамас се закани дека ќе запре со ослободувањето заложници, сè додека Израел не се согласи на траен прекин на огнот. Од Обединетите нации продолжуваат напорите за изгласување на нацрт-резолуцијата за Газа.

Милитантна група Хамас се закани дека ќе запре со ослободувањето заложници, сè додека Израел не се согласи на траен прекин на огнот. Израелските одбранбени сили соопштуваат дека досега елиминирале над 2 илјади борци на Хамас од примирјето, кога беа ослободени над 100 заложници. 

Од Обединетите нации продолжуваат напорите за изгласување на нацрт-резолуцијата за Газа. И од Белата куќа, соопштуваат оти САД сè уште работат за резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации за Газа до пронаоѓање начин за прифатлив предлог.

Од Обединетите нации алармираат дека над 500 илјади луѓе во Газа се соочуваат со глад, откако избувна конфликтот на таа територија пред 10 недели. Предупредуваат дека населението може да се соочи со „кризни нивоа на глад во следните шест месеци“.