Османи: Докажавме пред целиот свет дека поседуваме политички капацитет
Министерството за надворешни работи го одбележа завршувањето на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ, при што во своето обраќање шефот на дипломатијата и претседавач на ОБСЕ, Бујар Османи, истакна дека е значаен овој настан за да се одбележат постигнувањата и успесите...

Министерството за надворешни работи го одбележа завршувањето на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ, при што во своето обраќање шефот на дипломатијата и претседавач на ОБСЕ, Бујар Османи, истакна дека е значаен овој настан за да се одбележат постигнувањата и успесите кои го одбележаа нашето претседавање со организацијата.
Според Османи, зачувувањето на начелата и заложбите значеше зачувување на нашата организација, која оваа година се соочи со досега невидена, јас би рекол, егзистенцијална криза.
Османи изрази благодарност и до институциите со кои МНР соработуваше и кои дадоа значителна поддршка за успешниот Министерски совет во Скопје како што се: Министерството за внатрешни работи, Министерството за финансии, Министерството за одбрана и припадниците на воените сили на Северна Македонија, Службата за општи и заеднички работи на Владата на Северна Македонија.
На настанот свое обраќање имаше и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој нагласи дека Самитот беше платформа за засилување на високо етаблираниот меѓународен кредибилитет на нашата земја.
